Разговори за воведување авиолинија Скопје - Москва

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, на која разгоарале за изградбата и модернизацијата на патната мрежа на Коридор 8 и 10, железничкото поврзување кон Бугарија, како и изградбата на магистралниот гасовод во земјава.

Бочварски и Баздникин зборувале и за можноста за воведување директни авионска линија меѓу двете земји.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски особен акцент на средбата е ставен на проектот за гасификација на земјата, преку изградба на магистралните гасоводи.