Разговор со уметникот Дритон Селмани во МСУ

По повод отворената самостојна изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на младиот косовски уметник Дритон Селмани во Музејот на Современата Уметност -Скопје, утре, 7 декември, во 13 часот, во кино салата на музејот ќе се одржи презентација и разговор на авторот со кураторот Владимир Јанчевски, информираат од МСУ.

Од таму додаваат дека за сите заинтересирани, влезот е бесплатен.