Разговор со просјак: „Доволни ли ќе бидат 20 денари?“ - „Повеќе не ми треба, богат човек не е оној кој има многу, туку оној кому малку му е потребно“

Ако постојано поминувате низ центар на Скопје, тогаш со сигурснот сте го забележале овој просјак. Се вика Сеад, моли за помош и за трпшка милостина, секој ден.

Не е напорен, не е нападен. Само бара милостина за да се прехрани и да живее од ден за ден.

Тој секој ден седи пред пекарите кои се во блиизна на Плоштадот. Освен кога врне. Тогаш како сенка незабелжливо се крие во внатрешните агли и ја подава раката на сите кои исто како него се кријат од дождот. Со одмавнување го игнорираат. Не се лути, нема сила за тоа.

Во разговор со Сеад, дознавме дека оди и на гробиштата и на минус 15 и на плус 40 степени. Тој е од оние кои чекаат ожалостеното семејство да ја спушти ракијата, а потоа, кога доволно ќе се оддалечат, го зема шишето и зема голема голтка за да го загрее телото и пие една за душата на покојниот. Ја враќа на место.

Сеад има околу 60 години. Изгледа како да има 10 повеќе. Лицето му е напукнато, сиво, пропаднато. Очите му се крвави. Има густа и залепена коса и бркови кои едвај се држат за кожата.

Онака, патем, го прашав: „Доволни ли ќе бидат 20 денари?“

Тој ми одговори: „Секако“. Гласот му беше испрекинат и болен.

Клекнав покрај него и погледнав во кутијата: „Па не ви оди баш најдобро. Тука имате само колку да купите сива кифла.“

„Повеќе не ми ни треба. Богат човек не е оној кој има многу, туку оној кому малку му е потребно.“

Поучна реченица од еден обичен просјак. Просјак за кој не знаеме како се нашол на улицата и каква е неговата приказна. Знае да го цени и тоа многу малку што го има. Она што ќе му го дадат другите.