Звукот на будилникот рано наутро е еден од најлошите моменти секој ден. За да не станувате од кревет мрзоволно секој ден, еве неколку трикови кои ќе ви го олеснат и разубават почетокот на денот.

Не претерувајте со кафето

Кофеинот дава енергија, но ако претерате, а претерување значи повеќе од две шољи кафе наутро, тоа кон средината на денот може да предизвика пад на нивото на енергија. Затоа вистинска мека е еден филџан кафе.

Кога сме кај напитоците, чаша студена вода наутро моментално ќе ви го разбуди организмот и ќе го стимулира нервниот систем, а при тоа ќе ги придвижи и органите за варење. Затоа започнете го денот со вода и вашето тело ќе биде подготвено за целиот стрес што го очекува во текот на денот.

Рабудете се под туш

Нема подобар начин да се освежите и разбудите, од утринско капење. Тоа моментално ќе ви ја придвижи циркулацијата во телото, а вие ќе се чувствувате посвежо и ќе бидете полни со енергија. Најдобро ќе биде да се тушитате наизменично со топла и студена вода.

Задолжително појадуваје

По „гладувањето“ цела ноќ, на вашето тело му е портебна енергија која би го раздвижила. Секое утро подгответе си здрав појадок и ќе почувствувате како ви расте енергијата. За килограмите немојте да се грижите, нема да се задебелите ако го намалите внесувањето калории за вечера.

Читајте пред спиење

За да станете одморени, треба да имате цврст и квалитетен сон. Затоа пред спиење избегнувајте силни дразби. Наместо да гледате телевизија која ве „бомбардира“ со голем број визуелни и звучни информации, лежете и читајте книга. Читањето опушта и смирува.