Разбојништвото станува секојдневие во Скопје, внимавајте разбојници има на секоја страна

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.К. (18) и Б.И. (16), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле пет кривични дела „разбојништво“.

Во периодот од 18. до 28 – ми овој месец во вечерните часови,  пријавените ги извршиле делата на подрачје на Карпош и Центар и се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Две разбојништва извршиле на автобуска постојка пред ТЦ Алуминка и по едно на ул.Дрезденска, на паркинг просторот позади зграда на ул. „Даскал Камче“ и на ул. „Димитрије Чуповски“.

На 27.11. околу 18:00 часот, во непосредна близина на Сити Мол пријавените биле легитимирани и лишени од слобода.