
Двајца напаѓачи физички нападнале 28-годишен жител на скопското село Арачиново и му одзеле пари во населбата Илинден, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата во МВР, инцидентот се случил на 4 јули околу 20:45 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје на 6 јули.
Како што навел оштетениот Б.С. (28), двајца напаѓачи го нападнале со тврди предмети, при што едниот му се заканил со пиштол, по што му одзеле пари.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.