Разбојништво на „Партизанска“: Добил во казино, па го ограбиле кога излегол од него

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје,  поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично  дело „разбојништво“.

На 21. овој месеец, околу 23.00 часот, на бул. “Партизански Одреди“ наспроти  соборен храм “Св.Климент Охридски“ , откако го забележале оштетениот кој го напуштил казиното, пријавениот и непознато лице извршиле разбојништво над истиот, заканувајќи се по животот и телото со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 410.000 денари.