Разбојништво на адвокатската улица во Скопје

Сопственик на биро за судски преводи лоцирано на Адвокатската улица во Скопје вчера бил мета на разбојништво, пренесува Прес24.

Б.А. пријавил дека разбојник влегол во канцелариите на бирото и заканувајќи се со пиштол земал паричник и мобилни телефон, негов и на неговата сопруга, по што заминал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на случајот.