Од експозитура на Стопанска банка во скопско Маџари вчера непознат сторител со закана со пиштол одзел 4.500 евра и 196.000 денари.

Како што информира МВР, разбојништвото се случило вчера околу 09:20 часот во населбата Маџари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојникот.