Разбојник одзел околу 40 илјади денари од обложувалница во Скопје

Непознато машко лице заканувајќи се со пиштол извршило разбојништво во обложувалницата „Спорт-лајв“ на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје и одзело околу 40.000 денари од дневниот промет.

Како што е наведено во полицискиот Билтен, разбојништвото било извршено  синоќа околу 22:50 часот, а го пријавил вработен во обложувалницата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.