Разбојници нападнале жена во Скопје

Скопјанката А.А. вчера се јавила во полиција и пријавила дека на улицата „Мирче Ацев“ преживеала вистински хорор. Две непознати лица извршиле разбојништво врз неа, така што додека таа се движела по улицата, тие и пришле од зад грб, ја допреле со остар предмет на долниот дел од грбот, по што ѝ ја одзеле чантата и побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадците и за целосно расчистување на случајот.