Раул: Максимално мотивирано и против Шпанија

Македонската ракометан репрезентација на СП во Германија и Данска по трите натпревари има две победи и еден пораз, а до крајот од групната фаза останува да ги одигра уште двата дуела од кои ќе зависи и конечниот пласман во групата. Денеска против европскиот првак Шпанија, а во последното коло во четврток против Исланд.

- Ние не одигравме лошо, во вториот дел се поправивме но не беше доволно. Сега треба да се фокусираме на дуелот против Шпанија. Ние треба да играме максимално особено што Шпанија има добри и квалитетни играчи на сите позиции. Ќе биде добро ако успееме да ја играме нашата игра. Шпанија е голема репрезентација, можеби сега не игра на високо ниво, но кога и да посака може тоа да го оствари, изјави македонскиот селектор Раул Гонзалез.