Растот на онлајн трговијата на штета на традиционалните трговци

Интеренет трговијата во постојан подем. Се почесто граѓаните се одлучуваат да пазарат онлајн, но трговците кои имаат дуќани и плаќаат кирии, фирмарини и комунални давачки се жалат на нелојалната конкуренција која преку интернет нуди плагијати по екстра ниски цени. Тие велат дека често пати интернет страниците не ги исполнуваат условите за продажба, не е јасно наведена фирмата, ни нејзиното седиште.

Купувањето преку интернет е и ризично бидејќи производот не го гледате пред себе и не можете да го пробате. Оттука често се случува да се нарача едно, а да се добие сосема друго.

Според податоците на Државниот завод за статистика околу 25% од Македонците барем еднаш пазареле нешто онлајн. На интернет најчесто се купува облека и спортска опрема, потоа електроника, производи за домаќинство, хотелско и друго сместување.