Расте цената на златото

Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Порастот на цената на златото се должи на новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата.

Цената на унца злато денеска се зголеми за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. Додека на американските берзи цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749, 30 долари.

Побарувачката за злато е поттикната од загриженоста поради зголемениот број на инфицирани со новиот коронавирус.

Централните банки низ целиот свет веќе ги зголемија мерките за стимулирање, а и ги задржаа на ниско ниво каматни стапки, со цел да ги ублажат ефектите од пандемијата врз економијата.

Во такво опкружување, инвеститорите сакаат да се осигурат од зголемување на инфлацијата и пад на валутите, така што тие сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава забележа пораст за повеќе од 16 проценти.