Расте бројот на жртви во пожарите во Грцијa, 79 мртви - Македонци нема пријавено

Грчката противпожарна служба соопшти дека бројот на мртви во пожарите кои го опустошија брегот крај Атина порасна на 79.

Портпаролот на противпожарната служба, Ставрула Малири изјави дека спасувачките екипи продолжуваат да ја пребаруваат областа североисточно од Атина, која е најтешко погодена од пожарите.

Екипите ги пребаруваат куќите, изгорените автомобили и брегот во потрага по преживеани. Малири вели дека властите добиле десетина повици за потрага по исчезнати лица и додаде дека некои кои се воделе како мртви во меѓувреме се вратиле кај нивните семејства, а за тоа не ги известиле надлежните институции.

Официјалните проценки за бројката на исчезнати не се соопштуваат. Некои од жителите преку социјалните мрежи или медиумите бараат помош за пронаоѓање на своите најблиски.