Расте бројот на позитивни во градинките и училиштата

Повеќе од 100 деца и 20-тина вработени во градинки од викендот се во изолација по откриени нови случаи со Ковид-19 во неколку детски установи во Македонија. Од МТСП информираа дека две деца кои биле згрижени во градинки во Гевгелија и Штип се позитивни на вирусот. Инфицирани се две негувателки во Струмица, по една во Тетово и Делчево, во истата гадинка заразени се и готвачот и неговиот помошник. Во Ѓорче Петров и Центар Корона е потврдена и кај воспитувачки и административни работници.

И во училиштата расте бројот на позитивни случаи. Од МОН соопштија дека од почетокот на школската година Ковид -19 е  регистриран кај 42 ученици и 65 наставници.

- 7 од учениците и 5 од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата. Во сите случаи почитувани се препораките од Центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите. Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради Ковид-19, учењето го продолжуваат онлајн, велат од МОН.

Епидемиолозите утврдиле дека ниту едно дете од Основното Владо Тесевски во Карпош нема потреба да оди во изолација откако наставничка по англиски викендот добила позитивен тест. Во ова училиште суспектна на вирусот е и одделенска наставничка која ималча заразен член на семејството

-Само една наставничка е позитивна на Ковид-19, другата наставничка не е позитивна само е во изолација и не е тестирана зошто сеуште нема симптоми, изјави за Сител, Елка Даскалова, директор на ОУ Владо Тесевски.

И во основното „Димитар Миладинов“ во Центар има заразен наставник по физичко, а позитивна наставничка во Кавадарци испрати во изолација 14 првачиња.

И покрај големиот број на случаи во градинкии училишта, засега нема најава за затворање на воспитно образовните установи.