Расте бројот на посетители во театрите, филхармонија и професионалните ансамбли за народни игри и песни

Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во периодот 2021/2022 година во однос на 2020/2021 е зголемен за 168.8 %, а пораст е забележан и кај бројот на посетителите, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 152.

Во периодот 2021/2022 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 185.4 %, а во аматерските театри за 200 %.

Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2021/2022 година, во споредба со 2020/2021 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите. Зголемен број посетители има Филхармонијата.