Расте бројот на дипломци: Лани дипломирале 7 753 студенти

Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти.

Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки.

Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.