Минималната плата во март се очекува да скокне од 22.500 на 24.400 денари односно за нешто помалку од две илјади денари.
Растот на минималната плата се пресметува според Законот за минимална плата, односно висината на минимална плата во бруто-износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 насто од порастот на просечно исплатената нето-плата за претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика, и 50 насто од порастот на индексот на трошоците за живот за претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика.
Сојузот на сидикати ја притиска Владата за зголемувањето на минималната плата да биде 450 евра или 27.700 денари што е зголемување за над 3000 денари над она што е определено со закон.
Во меѓувреме и опозициската СДСМ до Собранието достави предлог закон со кој се бара минималната плата да биде покачена на 450 евра, нешто што всушност го бараат и синдикатите.