Расправија и пукање во кафана на „Џон Кенеди“

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено има пукање во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив сопственикот на објектот Б.Х.(36) изјавил дека три лица меѓусебно се расправале во моментот додека ги послужувал. Според неговата, пријава, веднаш потоа тие излегле надвор и по кратко време се слушнале неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури.

Министерството за внатрешни работи презема активности за расчитување на случајот.