Распишан јавен повик за финансирање проекти за млади

Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година со цел остварување на јавните интереси на младите.

Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.

Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува комисија. Средствата се доделуваат од буџетот на Град Скопје од програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од еден милион денари.

Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.

Потребните податоци како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака број 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk .

Јавниот повик трае вкупно 15 ден, до 16.10.2018 година.