Распарчено возило по излетување од пат во тетовско, дел завршил во реката Пена

Остатоци од возило сведочат за незгодата која се случила вчера во раните утрински часови по полноќ кога возач излетал од патот што води од Тетово кон месноста Бањиче.

Како што пренесува порталот ТетовоИнфо дел од возилото завршило во коритото на река Пена, а остатоци имало долж пешачката патека.

Според првичните информации од СВР Тетово во возилото бил само возачот кој има само телесни повреди.

Оштетен е и еден од столбовите за улично осветлување.

Фото: ТетовоИнфо