Расне побарувачката за клима уреди, продавниците ги трошат последните резерви

Граѓаните одвај се справуваат со огромните температури кои не прекинуваат во Македонија изминативе неколку дена.

Речиси е незамисливо да се помине повеќе од половина час во неклиматизирана просторија. Тоа ги натера граѓаните да ја зголемат побарувачката на клима уреди, па трговците задоволно го тријат рацете, бидејќи се распродаваат и последните залихи.

Клима уредите се движат во ценовна рамка помеѓу 13 и 78 илјади. 

Најпродавани се климите наменети за ладење на домовите, односно квадратура до 170 квадрати. Нивната цена изнесува до 22 000 денари во зависност од брендот и капацитетот. Цената пак за монтирање на клима уред изнесува околу 60 евра, односно за висини над 3 метри, по 10 евра плус за секој метар.