Раскажи ми приказна во Капитол мол

Преку споделување на приказни чувствуваме поврзаност и сличност помеѓу нас иако секоја од нив ја создаваме поради нашата уникатност. Никој друг не може да ја напише приказната на нашиот живот, тоа е тоа што ја прави специфична и неповторлива, и најчесто се поврзуваме со други кога одредени теми и чувства се толку блиски до нашите што не можеме да ги оттргнеме. Како место во кое редовно се раѓаат нови приказни Капитол мол ја организираше акцијата „Раскажи ми приказна“.

Светски познатата поетеса, Маја Ангелоу еднаш рекла „Нема поголема агонија од тоа да носиш со себе неискажана приказна“. Воедно, содржината не е важна, тонот на тој што ја раскажува не е важен, најважно е што секој од нас чувствува кога ќе се спои синергијата на секој нејзин елемент. Нивното раскажување ни помага да го разбереме тоа што ни се случува во животот креирајќи искуство кое го делиме со другите за да растеме како личности. Затоа Капитол мол како место каде семејството се чувствува пријатно, каде младите може да се забавуваат и секој може да ужива заедно со Просветно дело и писателката Виолета Сековска за „Раскажи ми приказна“ креираа катче за малите дечиња каде им раскажуваа приказни со часови овозможувајќи да впијат далечни и блиски светови преточени од зборови во ментални патувања кои засекогаш ќе ги паметат.

Како место каде секој може да се опушти, да се забавува, да ужива во шопингот и да помине преубав ден со децата во детското катче KidsPark, Капитол мол преовладува со приказни кои секојдневно сами се пишуваат низ годините од кога е отворен центарот. За денот на жената тие ја споделија приказната за Жените на Капитол мол кои без прекин се трудат моментите на посетителите да се уникатни и убави. Тука на Валентајн од тие моменти се роди љубовната приказна „Кога Иван ја сретна Ана“ за тоа кога тие се сретнаа во молот и кога Иван не беше сигурен како да ја покани Ана на состанок. Капитол мол и фановите на Фејсбук страната му дадоа предлози со цел да се оствари тоа за кое и двајцата потајно се надеваа.

Капитол со години ги развива приказните, своите и на посетителите, креирајќи место во кое се преточуваат стотици различни светови, а за да ја почнете својата најнова приказна посетете го Капитол мол во Аеродром.

За да се запознаете повеќе со Капитол мол може да ги посетите и следните линкови:

http://capitolmall.mk/

https://www.facebook.com/capitolmall/