
Поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски, е задржан на граничниот премин Ново Село, откако македонската царина при претрес на неговото возило пронашла 20.000 евра кеш за кои немал покритие ниту биле пријавени, дознава МКД.мк.
Парите, според информациите на порталот, тој сакал да ги пренесе во Македонија.
Во моментот е задржан на граница, а парите се запленети.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.