„Расфрлени“ 4 милиони денари за одржување фонтани во Карпош, тврди Левица

Левица-Карпош обвинува за недомаќинско работење на локалната власт, за која тврдат дека се „расфрла“ со пари за одржување на фонтани на територијата на општината. 

„Стефан Богоев на 17 мај годинава, потпишал договор за одржување на 4 (четири) фонтани на територијата на Општина Карпош во вкупна предвидена вредност од 4 МИЛИОНИ денари“, се вели во нивната објава на Фејсбук. 

Тие нагласуваат дека претходните договори за одржување на фонтаните биле доста пониски од оваа сума, прашувајќи што всушност се случува. Во својата објава тие тврдат дека постојат и други недомаќински трошоци кои функционери ги остваруваат на сметка на општината.