Расчистете со луѓето кои не ве заслужуваат

 

Сè додека околу вас ги држите луѓето кои не ве заслужиле, спречувате да влезат оние кои би ве ценеле.
И додека грчевито ги чувате оние кои не се вреди за вас, не гледате дека толку блиску се оние кои се скапоцени. 

Затоа збогувајте се. Збогувајте се со она за кое чувствувате дека нема вредност за вас и дека нема квалитет каков што заслужувате.

А сега расчистете.
Како кога го средувате ормарот, па ја отстранувате облеката која повеќе нема да ја носите. И со тоа правите место за новата облека. Нема замерки, ниту тежина, само остранете ја. 

Затоа што не сме ни подобри, ни полоши, само поинакви. А секоја птица лета кон своето јато. И тежнее кон вистинска припадност.

Многумина нема да ве разберат. Веќе однадвор ве критикуваат, а всушност ви завидуваат, затоа што ни одблизу ја немаат вашата храброст. Затоа не им замерувајте. Посакајте им среќа, па збогувајте се. И набргу нема повеќе да можат да допрат до вас. Колку подалеку заминувате, толку помалку ќе можат да ве следат. И набргу ќе им побегнете.

Интересно е што не треба да направите речиси ништо. Само бидете она што сте и набргу луѓето во вашиот живот ќе се исфилтрираат. Сами од себе ќе се групираат во различни групи. А вие само дозволете тоа да се случи.

И со радост дочекувајте го она што доаѓа, затоа што животот наскоро ќе ве изненади.

~ Ива Брадариќ