Расчистено разбојништво во Скопје, приведени четири лица

На 09.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(24) од Катланово, скопско, Р.Ј.(23), А.С.(20) и малолетник, тројцата од с,Огњанци, скопско. Тие се сомничат дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К.(31) од Малта, со живеалиште во Скопје.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.