Расчистени триесет кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во Чаир

Во текот на вчерашната вечер и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно триесет кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Чаир.

Едната дива депонија се наоѓаше до ООУ „Тефејуз“, каде што во ноќните часови, од страна на екипите во третата смена, беа  расчистени дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија уште една дива депонија, лоцирана во непосредна близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило -втоварувач и камион.