Расчистени три диви депонии во општина Бутел

Во текот на изминатите неколку денови, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија три обемни диви депонии лоцирани на улиците „Александар Урдаревски“, „Цетинска“ и „Боца Иванова“ - во непосредна близина на последната постројка на автобусот 59, во скопската општина Бутел.

-Активностите ги реализираа десет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила. Подигнати се и транспортирани приближно 150 кубни метри  кабаст, градежен и мешан комунален отпад, информираат од претпријатието.

За време на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна и акција за  чистење на пешачките патеки во парк-шумата Водно, којашто ќе се спроведува до крајот на тековната недела.