Расчистени шест измами: Им ги земал парите за различни услуги и потоа исчезнувал

Полициски службеници денеска имале службен разговор со 46-годишниот В.М. од Битола, кој направи неколку измами.

- Тој се сомничи дека во повеќе наврати на неколку лица им ветувал дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците, информира МВР.

Тој ги признал делата и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.