Расчистена дивата депонија пред гробиштата во Ѓорче Петров

Комуналната општинска служба во соработка со ЈП ,,Комунална хигиена” спровде акција за чистење на дивата депонија лоцирана пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров. Подинати и транспортирани се приближно 20 кубни метри мешан комунален отпад и градежен шут.

Општината апелира до граѓаните својот отпад да не го фрлаат на места што не се предвидени за таа намена.

Комуналните служби продолжуваат со секојдневната грижа за животната средина и расчистување на јавните површини, постојано се на терен и работат на одржување на хигиената.