Расчистен случај на физички напад од малолетник врз негов врсник

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

Имено, според информациите на МВР, на 27.09.2022 на ул.„Рокомија“ во Скопје, тој со остар предмет нападнал и повредил друг 14-годишен малолетник од Скопје.

По преземени мерки и активности, тој бил пронајден и приведен и во присуство на родител со него бил извршен службен разговор во полициска станица, се вели во соопштението на МВР.