Раните сведочат за ужасот во Аеродром - татко објави фотографија од искасаното дете (фото)

Во Аеродром синоќа се одвивал хорор, кога куче во неколку наврати нападна и касна две жени и четири деца.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест настани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто  така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.

Еден од татковците на децата кои биле касната, објави на социјалните мрежи фотографии од ужасот.

- “Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума, која вчеравечер беше нападната од куче во населбата Аеродром. Покрај неа искасани се уште 7 деца и 2 возрасни. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓа Тања случајна минувачка која со голи раце се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет…. Сакам да ги тужам град Скопје и оние од Анимамунди”, напиша Танер Хајретин на својот Фејсбук профил.