Рани симптоми на пет вида рак, особено кај мажите

Со оглед на тоа што е познато дека мажите многу го одложуваат одењето кај лекар заради што е важно да научат да ги препознаат симптомите и да се одбранат од најчестите видови на рак што се појавуваат кај нив.

Рак на простата

Обично нема јасни рани симптоми. Дигиталниот ректален тест може да открие неправилности, но ракот може да го воочи само лекар.

Овој вид на рак се јавува кај пет до седум отсто од мажите постари од 50 години. Смртноста е релативно ниска, изнесува три отсто од заболените. После 70-тата година речиси 80% од мажите имаат некој облик на рак на простата, но главно не умираат.

Симптомите на кои треба да обрнете внимание особено ако сте постари од 50 години (иако тие можат да укажуваат и на бенигни промени) се:
неможност за уринирање
отежнато мокрење
често мокрење, особено ноќе
послаб или слаб млаз при мокрење
постојано чувство за недоволно испразнет меур
болно мокрење и печење
крв во урината
крв во спермата
проблеми со ерекцијата и ејакулацијата (болна ејакулација)
Зачестени болки во долниот дел од грбот и колковите

Отежнатото мокрење, бавниот проток и непотполното празнење на меурот можат да бидат последица од зголемување на простата или од стеснување на уретрата.

Рак на белите дробови

Ниту кај овој вид на рак, главно, не се забележуваат разните знаци на болеста. Меѓутоа, кашлицата што не поминува или онаа проследена со крв, често се доказ дека станува збор за рак. Освен тоа, тука е и болката во градите која е секогаш присутна и врз која не влијаат движењата. Освен ова, заболениот може да воочи дека губи на тежина, има температура и астма.

Понекогаш овие симптоми можат да укажуваат на воспаление на белите дробови. А на рентгенската снимка и ракот и воспалението на белите дробови се бели. Единствен сигурен показател е биопсијата.

Ако сте пушач или сте пасивен пушач, не смеете да ја игнорирате кашлицата.

Рак на дебелото црево

Не смеете да ја игнорирате крвта во столицата, дури и ако се појави само еднаш. Можеби станува збор за претканцерозен полип кој крвари, а крварењето е единствен ран знак што ќе го забележите. Кај повеќе од половината заболени, нема рани знаци на болеста.

Кај мажите помлади од 50 крварењето е веројатно последица од хемороиди, колитис или абнормални крвни жилички. Сепак, посетете лекар.

Колоноскопијата е единствена сигурна метода за дијагностицирање и најдобар начин лекарот да ви го острани полипот кој подоцна би се развил во опасна болест.

Рак на мочниот меур

Крвта во урината е причина за посета на лекар. Ако сте помлади од 60, обично станува збор за бубрежни камења. Но вреди да се провери затоа што ако го воочите на време, ракот на меур можете полесно да го победите. Премногу активен меур или болно уринирање се чести знаци на инфекција.

Ако на работа сте често изложени на хемиски супстанции, како анилински бои, бензидин и ароматски амини, ако работите во текстилна и хемиска индустрија, во печатница, металска струка, кај механичар и авто-лакер, ќе имате поголем ризик од појава на оваа болест.

Лимфом

Безболни отечени лимфни јазли на вратот, пазувите или на слабините се главни симптоми на оваа болест. Лимфните јазли натекуваат и како последица од инфекција, но ако не спласнат после недела дена, посетете лекар. Необјасниво губење на тежината во текот на месец или два, болка во подрачјето на јазлите после пиење на алкохол и јадеж без осип можат да бидат причини за загриженост.

Крвен тест може лесно да укаже на можен лимфом, но биопсијата е посигурна постапка.