Рани резервации за одмор: Македонците уште сега си резервираат место за летување на грчките плажи

Само што замина зимата, неколку дена од пролетта, а македонските граѓани веќе се спремаат за летување. И без размислување, грчките плажи пак ќе бидат полни со Македонците и покрај најавите дека цените годинава ќе бидат повисоки.

Граѓаните прават рани резервации во туристичките агенции. Се надеваат дека на овој начин ќе заштедат на летниот одмор. Најатрактивни се дестинациите од регионот, но оние со подлабок џеб бараат и полуксузни места. Туристичките агенции со полни раце работа. Рани резервации се прават уште од почетокот на годината, но има и такви кои што чекаат последен момент.

Во последните години македонските туристи ги менуваат навиките за летување.

Оние кои што не можат да си дозволат одмор сред сезона, кога аранжманите се најскапи најчесто резервации прават за поевтините понуди во јуни и во септември.