Рани резервации: Евтин одмор без турканици - Македонците на море во мај и јуни

Ако во минатите години Македонците традиционално заминуваа на годишен одмор во јули и август, во последно време се почесто уплаќаат аранжмани за крај на месец мај, јуни или септември бидејќи во овој период од годината цените се пониски од 30 до 50 отсто во зависност од дестинацијата.

-Цените се до 50 отсто пониски во споредба со шпицот на сезоната, во јули и во август, а сместувањето е бесплатно за трето и четврто лице.Нашите клиенти веќе се научија дека ако го испланираат и резервираат летниот одмор порано, тогаш можат да добијат и соодветен попуст. Голем дел од аранжманите за мај и јуни се продадени веднаш, уште на почетокот на годината кога за прв пат ја претставивме овогодишната понуда по цена од едно евро за ноќевање, велат од една скопска туристичката агенција.

На излозите на туристичките агенции веќе можат да се видат излепени плакати со понуди за седумдневен престој во познатите туристички места на Егејското Море по цена од 100 евра, а пакет- аранжманите за Турција, Шпанија, Италија се намалени до 500 евра.

Јунскиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани, бродски тури и слично.

Погледнете што ги прави мај и јуни добри месец за патување:

Избегнете ги гужвите

Луѓето кои имаат деца на школска возраст се присилени да одат на одмор во текот на сезоната, бидејќи таа се поклопува со распустот. Исто така, туристите од западните земји најчесто одат на одмор во текот на „жешките месеци“. 

Поради ова, најдобрите дестинации секогаш се најпосетени во текот на јули и август. Доколку сакате да ги избегнете гужвите и да имате малку поопуштен одмор, тогаш овие месеци се вистинскиот избор за вас.

Времето е пријатно

Иако е доцна пролет, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, мај и јуни го нудат сето тоа.

Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нудат токму мај и јуни. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во мај или јуни, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.