Рамбо Амадеус во Скопје на 8-ми декември

Едно од најголемите имиња на Балканот, Рамбо Амадеус, гостува во Скопје на 8-ми декември.

Тој во придружба на ЗЏМ БИГ БЕНД ќе настапи во Македонската филхармонија. 

Тој е еден од најпопуларните артисти на Балканот, а неговите сатирични и уникатни текстови кои ги критикуваат општествените појави се често цитирани. 

Почетокот на концертот е закажан за 20.30 часот.