Ракометарот Столе Стоилов им се придружи на ,,Не биди ѓубре“ (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на Вардар, Столе Стоилов денеска беше „ѓубреџија“ на една од акциите на волонтерската група #НеБидиЃубре која ја предводи актерката Ирена Ристиќ.

Стоилов заедно со неговиот брат Стефан се приклучија во волонтерската акција за расчистувањето на депонијата на Вардариште.

Ракометниот репрезентативец е познат и по борбата за заштита на миленичињата, особено кучињата.

Кампањата #НеБидиЃубре добива се поголем број активисти со оглед на популарноста која ја добива во јавноста поради битката со нечистотијата во Скопје.

Членовите на оваа неформална група веќе исчистија неколку диви депонии во главниот град.