Ракометарките на Ѓорче Петров со титула се враќаат од Косово

Македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров освои титула во Ѓаковица, откако ракометарките беа подобри од младинската селекција на Бугарија во финалето со 47-27.

Женскиот тим на Ѓорче Петров најпрво беше подобар од домаќинот Шќипоња со 47-18, по што следеше уште еден неверојатен меч против младите Бугарки (47-27).

Ангела Јанкуловска беше прогласена за најдобра ракометарка на турнирот.