Ракометарите на Македонија им одговорија на сите што деновиве ги нападнаа затоа што искажаа несогласување со менувањето на уставното име.

Откако МТ2 на албански јазик го бојкотираше Стојанче Стоилов, провладини медиуми го напаѓаа Столе а министерот Манчевски обвини дека имало ракометари – политичари тие заедно одговорија на достоинствен начин.

По победата со Бахреин во соблекувалната ечеше: Македонци наглас запејте, македонско име спомнете…..

Популарниот „министер за одбрана“, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на интонирањето на националната химна на дуел со Бахреин, направи гест кој многумина го искоментираа.

Додека сите ракометари ги пееја стиховите од „Денес над Македонија се раѓа“, Борко со својата десна рака, на срцето направи симбол кој означува „Обединета Македонија“.