Ракометарите одлучија: „Вардарката“ Катарина е фан број 1 во СЕХА (ВИДЕО)

Најдобрата навивачка фотографија во СЕХА-лигата доаѓа од Скопје, Македонија, се работи за навивачка на РК Вардар.

Победник во наградната игра Best Handball Fan Contest vol. 3 е навивачка на Вардар – Катарина Јордановска.

Јордановска освои два билети за сите натпревари на Ф4 турнирот, како и комплетна спортска опрема и дрес на РК Вардар, потпишан од сите ракометари.