Ракометарите на ракометниот клуб Работнички своето срце и дух, освен на терен го даваат и во хумани цели.

Тие ги посетија дечињата кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот цетнар „Мајка Тереза“.

Ракометарите на дечињата им подарија играчки, а целта на посетета беше внесување позитивен дух и позитивни енергија во животот на дечињата.

Примерот на хуманите спортисти треба да го следиме сите. Придонесот за детската радост е придонес за посреќно и поубаво општество. Ова заеднички го констатираа ракометарите и вработени во Инфективната клиника во Скопје.