Ракометарите ќе имаат голема поддршка за дуелот со Исланд

По триумфот на гостински терен во Рејкјавик, македонските ракометари сега пред својата публика во Скопје ќе го одиграат вториот меч од квалификациите за ЕП против селекцијата на Исланд. 

Големата победа од пред два дена над Исланд, ја врати самодовербата на нашите ракометари, но и вербата на публиката во нив, која беше за момент нарушена поразот од Грција. 

Сега, црвено-жолтите кои со 2 победи и 1 пораз идентично како и Исланд се на делба на првите две позиции на табелата, со евентуална победа можат теоретски уште од сега да го обезбедат својот пласман на завршницата на Европскиот шампионат. 

Затоа, неделниот меч против овој противник е од големо значење, бидејќи нова победа би значела и речиси сигурен пласман на Европскиот шампионат, под услов Турција повторно да ја победи Грција, или пак да се забележи уште еден триумф на последните два меча, против Турција на гости и Грција на домашен терен. 

Императивот за победа над Исланд и пред се добрата игра во првиот меч, ја враќа и публиката во арената „Борис Трајковски“ каде ќе се игра неделниот меч. 

Нашите ракометари и овој пат ќе играат пред полни трибини, салата „Борис Трајковски“ бидејќи неофицијално влезниците се веќе распродадени.