Ракија, шопска, турско кафе...По што ќе ги препознаете македонските кампери?

Познатиот травел-инфлуенсер Драган Тапшанов преку интересна Инстаграм објава покажа како кампуваат Македонците. 

Турско кафе, шопска салата, домашна тарана, вегета, ракија, но и ајвар...Веројано многумина ќе се пронајдат во ова, доколку капмуваат ова лето. 

Видеото ги собра симпатиите на многуте следбеници на Драган кој заедно со синот Марк и сопругата Едит се „вечни патувачи“.