Вчера во 13.40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Џ.И. пријавил дека во двор од напуштена куќа во с.Арачиново, скопско, биле пронајдени девет  парчиња ракети од минофрлач.

Увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.