Рак, Шкорпија и Риби – зошто се посебни овие знаци?

Родените во овој знак имаат силна невидлива енергија во себе и често другите луѓе ги привлекуваат со таквата енергија. 

Меѓу нив, ќе сретнете уметници, терапевти, хуманитарци, доктори, психолози. Имаат силна интуиција која им е како шесто сетило во животот.

Тие се многу чувствителни личности кои се секогаш тука за останатите. Токму таквата интуиција им помага да им дадат поддршка и да бидат блиски со другите луѓе. Ним не им е важна надворешната форма, туку се грижат за тоа што луѓето го имаат внатре во себе. Често минуваат незабележани од прва, но штом ги запознаете тие брзо го освојуваат вашето срце. Го чувствувате нивниот силен магнетизам и едноставно не можете да не ги сакате.

Рибите, Шкорпиите и Раковите често имаат изразена емоционалност, но и богат романтичен живот. Тоа што ги води низ животот е секогаш нивната интуиција, но и способноста за емпатија. 

Често може да се каже дека се срамежливи и резервирани на прв поглед, но тие се најтоплите души кои ќе ги запознаат. Се поставуваат така поради својата чувствителност и обид да се заштитат себеси.