Рафали кај Градска: Две лица на мотор пукале во БМВ

Доцна синоќа, во 23.35 часот, на автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, две непознати лица на моторцикл во движење испукале неколку рафали кон патничко возило БМВ, со кое управувал 18-годишниот С.К. од Велес, потвдуваат од МВР за „Република“.

ицата веднаш се оддалечиле од местото на настанот, а во инцидентот, за среќа, нема повредени.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, пронајдени се чаури, а по сторителите се трага.

МВР најави повеќе детали во текот на денот.