Радовишката полиција пронајде девет мигранти

На 11.03.2022 година во 03.30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш на место викано „Лакавичка раскрсница“ општина Конче пронашле моторно возило „џип сангојнг“ во кое имало 9 лица мигранти, од кои 5 од Индија и 4 од Пакистан, на возраст помеѓу 20 и 30 години.

ОВР Радовиш во координација со инспектори од РЦ Исток презема мерки за целосно расчистување на случајот.