Радовишанец по полноќ ја претепал родената мајка - Завршила со повреди, тој во станица

Полицијата уапси маж од радовишко село кој при семејно насилство врз сопствената мајка ја повредил.

- Нa 12/13.03.2026 околу полноќ во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54- годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, при што и нанел повреди на телото, соопштија од полицијата за инцидентот. 

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.